Британски аналитичар: Макрон премногу време поминал со Колинда Грабар Китаровиќ

Политичкиот аналитичар на британски Економист Тим Џуда вели дека не би бил изненаден дека изјавата за БиХ како „темпирана бомба“ да доаѓа од претседателката на Хрватска, а не од францускиот претседател Емануел Макрон.

Џуда во изјава за регионалната телевизија Н1 кажа дека многу поголем проблем се терористите кои се враќаат во Франција, каде што се случуваа терористички напади во изминатите години.

„Не би бил изненаден овие изјави да доаѓаат од претседателката на Хрватска, бидејќи таа зборуваше вакви работи и претходно, но се прашувам дали претседателот Макрон минал премногу време со хрватската претседателка. Ваквите забелешки се необјасниви, затоа што се едноставно погрешни“, изјави тој.

Според него, Макрон би бил целосно во право доколку кажел дека Босна е проблем затоа што е дисфункционална држава и дека затоа мора да направи повеќе за да стане функционална.

„Но да се зборува за џихадистите кои се враќаат во Босна, што не е ништо поголем проблем за Босна отколку за која било друга европска држава, ја прави работата многу необична“, кажа Џуда.

Тој истакна и дека Макрон кажа дека проблемот е повеќе во Европската Унија, која мора да спроведе одредени реформи за да биде повеќе политички проект отколку едноставно да служи како пазар.

„Тој вели дека ЕУ е дисфункционална со 28, односно 27 држави, но дека ќе биде уште подисфункционална кога ќе има 32 држави“, кажа Џуда.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе