Лондон

Британската премиерка подготвува нова тура санкции за Русија

Британската премиерка Тереза Меј денеска изјави дека на претстојниот самит на ЕУ ќе бара зајакнување на санкциите против Русија.

„Ќе извршам притисок да осигурам продолжување на санкциите врз Русија“, рече Меј во парламентот, пренесе Ројтерс.

Таа додаде дека постојат некои области во кои санкциите треба да се заострат.

Односите меѓу Велика Британија и Русија се влошија на почетокот на оваа година, по труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка Јулија во Англија, за што Лондон ја обвини Москва.

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе