Иследниците се сигурни

Британската полиција идентификуваше неколку Руси осомничени за случајот Скрипаљ

Британската полиција ги идентификуваше како Руси лицата осомничени за труење на поранешниот руски агент Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка Јулија со нервен агенс Новичок, јави агенцијата Прес Асосиејшн (ПА).

Иследниците веруваат дека ги идентификувале осомничените за нападот со Новичок преку камерите за надзор, чии слики ги споредиле со податоците од граничните и царинските служби за лицата кои тогаш влегле во Британија, соопшти извор близок до истрагата.

Изворот додал дека иследниците се сигурни дека овие лица се Руси.

Рускиот двоен агент Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка Јулија во март во Солзбери биле отруени со Новичок.

Таткото и ќерката, кои биле пронајдени во бессознание во парк, подоцна закрепнаа.

Лондон за труењето на Скрипаљ ја обвини Русија, а Москва демантира било каква вмешаност.

Труењето предизвика сериозна дипломатска криза меѓу Москва и Запад, како и бран на меѓусебно протерување на дипломати.

По труењето на Скрипаљ, на 30 јуни, исто така со новичок, е отруен британски пар во населбата Ејмсбери недалеку од Солсбери. Тие биле отруени со новичок содржан во мало шише, а иследниците се обидуваат да утврдат дали отровот е од истата испорака со која се отруени таткото и ќерката Скрипаљ.

Од двајцата отруени, Доун Старџес почина, а нејзиниот партнер, Чарли Роули сѐ уште е во болница и е надвор од критична состојба.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе