Владата во големи проблеми

Британската опозиција соопшти дека би поддржала нов референдум за брегзитот

Бритамската опозициска Лабуристичка партија соопшти дека ќе поддржи иницијатива за одржување втор референдум за брегзитот ако парламентот го отфрли алтернативниот план за излегување од Европската Унија, пренесува Ројтерс.

Пред нешто повеќе од еден месец до планираното излегување на Британија од ЕУ на 29 март, премиерката Тереза Меј се обидува да извлече промени на постигнатиот договор за да ја добие поддршката од парламентот, откако прашањето на брегзитот заглави во ќорсокак.

Одлуката на лабуристите би можела да ги згасне нејзините надежи дека ќе добие зелено светло за ревидираниот договор за излегувањето за што, како што вети, пратениците во парламентот ќе се изјаснат на гласање кое треба да се одржи до 12 март.

Парламентот во среда треба да одржи расправа и да гласа за следните чекори на тешкиот британски пат на напуштање на Унијата, а пратениците треба да изнесат предлози или амандмани кои би можеле да вклучуваат одредба за договорот за брегзит да се гласа на референдум.

„Ќе предложиме или силно ќе поддржиме амандман во корист на изразување на волјата на јавноста за да спречиме штетниот брегзит на конзервативците да ѝ се наметне на земјата. На еден или друг начин, ќе направиме сѐ во наша моќ за да го спречиме сценариото на напуштање на ЕУ без договор“, ќе им порача лидерот на лабуристите Џереми Корбин на своите пратеници, соопшти неговиот кабинет.

Корбин веќе подолго време се наоѓа под притисок да поддржи одржување втор референдум, но тоа прашање му претставува голема дилема. И додека голем број членови на партијата и поддржувачи жестоко заговараат гласање на народот, останатите едноставно сакаат Британија што побрзо да излезе од ЕУ.

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе