Британската амбасада одговори, Вучиќ ѝ порача: „Сите сѐ разбравме“ (ФОТО)

Британската амбасада одговори на прашањето на српскиот претседател Александар Вучиќ зошто амбасадорот на Британија во Приштина се фотографирал со Аљбин Курти пред албанското знаме.

Вучиќ претходно денес му упати прашање на амбасадорот Николас Абот. Но наместо него, одговори амбасадата на британија:

„Ние не бираме како нашиот соговорник, во партиско својство, ги уредува своите простории“.

Амбасадата на Твитер наведе и дека нејзината работа е „да биде во контакт со водечките политички играчи на Косово“.

Се констатира и дека „неодамна објавената фотографија од средбата на амбасадорот со еден од косовските политички лидери го привлече вниманието во целиот регион“.

Вучиќ претходно го праша Абот, исто така на Твитер, на чии избори победиле Аљбин Курти и неговото движење Самоопределување.

Курти е инаку заговорник на „голема Албанија“ и не го крие тоа.

Вучиќ на својот твитер профил го искоментира одговорот на британската амбасада во Приштина на неговото прашање:

„Благодарам на одговорот. Сите сѐ разбравме“, напиша српскиот претседател.

Други амбасадори на Косово реагираа минатата недела различно од британскиот. Американскиот и германскиот амбасадор „одбија“ да се фотографираат со Курти пред знамето на Албанија.

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе