Британска новинарка: Не давајте пари за Нотр Дам, многу луѓе живеат во сиромаштија

Тие пари подобро е да се потрошат на справување со сиромаштијата, војните на банди и дилањето дрога во париските предградија и „Џунглата“ во Кале, рече вчера познатата британска новинарка и ТВ-личност Џенет Стрит-Портер.

„Се натажив кога видов дека гори, бидејќи, очигледно, тоа претставува повеќе од само зграда - тоа е дел од француската цивилизација, па дури и британските кралеви биле крунисувани во неа пред стотици години“, рече 72-годишната Стрит-Портер во ТВ-емисија. „Значи, тоа е симбол на многу нешта.“

„Но од друга страна“, додаде Џенет, „пожарот што мене ме шокираше беше тој во кулата Гренфел, па ајде да не го одвлекуваме вниманието од тоа, бидејќи тоа беше навистина ужасно поради сите луѓе што беа внатре.“

„Значи да, се натажив додека го гледав Нотр Дам во пламен, но не сакам по секоја цена да биде повторно изграден“.

Џенет потоа истакна дека на само петнаесетина километри од Нотр Дам се наоѓаат неверојатно сиромашни населби на Париз. „Многу луѓе живеат во сиромаштија“, рече таа.

„Има трговија со дрога, војни на банди и делови од Париз во кои полицијата не смее да влезе. Е па, каде се овие милијардери кога постојат такви социјални проблеми толку блиску до нивниот дом?“

Вчера ветувањата за донации од француските корпорации и богатите семејства за помош во обновата на Нотр Дам надминаа 600 милиони евра, а денеска медиумите објавија дека таа бројка изнесува 1 милијарда.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе