Британска министерка: Путин се понижува на светската сцена

Меѓународните санкции кон Русија треба да бидат укинати само кога сите нејзини војници ќе ја напуштат Украина, изјави британската министерка за надворешни работи Лиз Трас, која присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Германија.

Фото: ЕПА

„Санкциите не треба да бидат укинати додека не дојде до целосно повлекување на Русија и мировен договор“, јасно рече Трас.

Таа додаде дека рускиот претседател Владимир Путин мора да се соочи со пораз.

„Путин се понижува себеси на светската сцена“, рече таа, додавајќи дека мора да му се ускрати каква било корист од неговата инвазија на Украина и со тоа на крајот да се ограничи понатамошна агресија.

Таа исто така ја повика Украина да го зголеми пристапот до воената опрема на НАТО.

Министрите за надворешни работи на Г7 денеска повторно ќе се сретнат со своите колеги од Украина и Молдавија.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе