Британка претепана во Сплит, одбила да доплати за сместување (ФОТО)

Британската студентка Лора Денмар била претепана во Сплит, бидејќи одбила да плати повеќе пари отколку што чинело сместувањето во кое била. Случајот го потврди хрватската полиција.

Лора и нејзиното момче целиот случај го пријавиле во полиција, во британската амбасада и на интернет сајтот преку кој го резервирале сместувањето. Таа целиот случај го раскажала и на британски медиуми, само за нешто слично да не им се случи и на други.

„Од почетокот беше јасно дека тоа не беше сосема легално сместување и нападот дефинитивно беше со предумисла. Среќни сме што си заминавме од таму и сакаме да ги предупредиме другите“, изјави дваесет и шестгодишната студентка.

Таа во Сплит била со момчето, а сместувањето го резервирале преку познат интернет сервис. Меѓутоа, кога стигнале во градот, виделе дека сместувањето не е во центарот, туку на периферијата на Сплит.

„Ни кажаа да ги земеме клучевите во друг хостел, а кога стигнавме сфативме дека е нешто нелегално. Имаше 30 кревети и само едно купатило. Имајќи предвид дека немавме каде на друго место, решивме да останеме“, раскажа Лора.

Последниот ден им пришла чистачката и им кажала дека веднаш мора да го напуштат хостелот или да доплатат. Бидејќи младата двојка одбила да доплати и се заканиле со полиција, чистачката го повикала човекот за кого Британката мисли дека е сопственикот на објектот.

Бидејќи решиле да си заминат порано и да не чекаат, чистачката им ја заклучила вратата и ги спречила да заминат. „Кога стигна мажот со уште еден човек, моето момче го држеа до ѕид, а жената почна мене да ме тепа со метална шипка. Беше ужасно“, раскажа студентката.

Сплитската полиција го потврди случајот кој се случил кон крајот на јули. Од полицијата велат дека нема сомнеж дека станува збор за нелегален објект, кој во меѓувреме е затворен.

Пријава за нападот врз британските државјани добиле на 31 јули и полициски службеници биле испратени на местото на настанот. Со истрагата било утврдено дека лице на возраст од 18 години физички нападнало гостинка државјанка на Британија, поради изразено незадоволство од услугата. Против 18-годишната девојка е поднесено обвинение, за нарушување на јавниот ред и мир и нанесување лесни телесни повреди.

Република Македонија е мала држава на Балканот чија основна цел е опстанокот во меѓународните односи и грижа за благосостојбата на сопствените граѓани.

повеќе

Заев побара од дипломатите да се воздржуваат од активности меѓу гласачите спроти референдумот, а онаа од поддржувачите не му пречи.

повеќе

Македонија по оваа авантура нема каде да се врати и единствениот пат по кој треба да тргне е патот на внатрешно реформирање и интраетничко помирување и обединување.

повеќе