Британија воведува доживотен затвор за возачите кои ќе убијат некого на патиштата

Следната недела во Британија стапуваат на сила промените на законот според кои возачите кои со возило ќе усмртат некого би можеле да добијат доживотна казна затвор. Измените стапуваат на сила во вторник во рамки на законот за полиција, криминалитет, казни и судови.

EPA-EFE

Би-би-си јавува дека судиите ќе можат да изречат доживотна казна за опасните возачи кои некого убиле во сообраќај и возачите кои тоа го направиле под влијание на дрога или алкохол. Максималната казна за оние кои се виновни за несреќа со смртен случај во моментов изнесува 14 години.

„Одговорните сега ќе се соочат со можност за живот зад решетки“, кажа британскиот министер за правосудство Доминик Раб.

Новиот закон носи кривично дело нанесување тешки телесни повреди со невнимателно возење. Тоа значи дека возачите кои некому му нанеле долготрајни или трајни повреди исто така ќе бидат осудени на построги казни. Предложената измена на законот за првпат беше објавена во 2017 година.

Зголемувањето на казните ќе се однесува на прекршоци во Англија, Шкотска и Велс, но не и во Северна Ирска која има посебни закони за безбедност во сообраќајот.

„Премногу животи се изгубени поради невнимателно однесување зад воланот... Семејства се уништени“, кажа Раб.

„Возачите кои лошо се однесуваат на патиштата се опасност за сите нас. Тие заслужуваат најстроги казни бидејќи со своите постапки одземаат други животи. Се надевам дека заканата со доживотна робија ќе биде доволна да ги натера оние кои возат невнимателно да го сменат својот начин на однесување во сообраќајот. Убиството од небрежност веќе предвидува казна доживотен затвор, што значи дека за убиство на лице со автомобил може да важи истата казна“, кажа Стив Гудинг, директор на хуманитарната организација РАЦ.

Британската влада кажа дека сака да обезбеди казните да ја одразуваат тежината на злосторството и дека државното обвинителство и понатаму ќе обвинува за убиство или убиство од небрежност ако постојат докази дека возилото е користено како оружје за убиство или нанесување тешки телесни повреди.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Римскиот политичар и филозоф, Марк Тулиј Цицерон, во I век пред н.е. укажал дека „кога немате основа за аргумент, злоставувајте го тој што ве обвинува“.

повеќе

Со појавата не енергетската криза многу земји отстапија од зацртаните планови за намалување на емисиите на стакленички гасови.

повеќе

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе