Против коронавирусот

Британија утре почнува масовна вакцинација, ќе се вакцинира и кралицата

Велика Британија се подготвува да стане првата земја што почнала да ја користи вакцината на Фајзер/Бионтек, а првите дози утре ќе бидат достапни во болниците, пред да бидат распределени во амбулантите, соопшти владата.

Луѓето треба да почнат да ги примаат првите дози на вакцината веќе утре, а Националната здравствена агенција (НХС) ќе им даде приоритет на луѓето постари од 80 години, здравствените работници и на штитениците и вработените во домовите за стари лица и изнемоштени лица.

Британија минатата недела ја одобри употребата на споменатата вакцина за вонредни ситуации и со тоа се проби на чело на глобалната трка за масовна употреба на вакцината против коронавирусот.

Велика Британија нарача 40 милиони дози, а бидејќи се потребни по две дози за секоја личност, тоа е доволно за да се вакцинираат 20 милиони луѓе во земја со 67 милиони жители.

Се очекува Британците да имаат на располагање 800.000 дози во првата недела од вакцинацијата.

Првите дози пристигнати од производствениот погон во Белгија се складирани на безбедни локации низ целата земја каде што ќе се проверува нивниот квалитет, соопшти НХС.

Според планот на владата, вели „Обсервер“, десетици милиони дози од вакцината би можеле во земјата да бидат пренесени со воен авион за да се избегне метеж на аеродромите поради брегзитот.

Министерот за земјоделство и животна средина Џорџ Јустис рече дека брегзитот „нема да ја наруши испораката на вакцини“.

„Вложивме големи напори да го задржиме протекот на стоки и добра на границата непречен во случај на договор за односи со ЕУ по брегзитот. Имаме планови за непредвидени ситуации, кои вклучуваат можна употреба на траекти и, се разбира, товарни авиони доколку е потребно“, рече Јустис.

 

И кралицата ќе се вакцинира

Заедничката вакцина од компаниите Фајзер и Бионтек мора да се чува на -70 Целзиусови степени.

Затоа, вакцината прво ќе почне да се применува во 50 болници. Потребни се неколку часа за да се одмрзне вакцината и да биде подготвена за употреба.

Канцеларијата на НХС за Англија испрати писмо до матичните лекари да се подготват за почетокот на кампањата за вакцинација на 14 декември.

Кутиите со вакцини содржат пет пакувања од 975 дози, но за одвојување на пакувањата ќе биде потребна дозвола од регулаторното тело.

Додека експертите за јавно здравје се загрижени поради големиот скептицизам во врска со вакцината, „Тајмс и мејл он сандеј“ објави дека кралицата Елизабета (94) и нејзиниот сопруг, принцот Филип (99), ќе „објават“ кога ќе ја примат вакцината и дека тие ќе бидат меѓу првите.

Кралицата е мошне ценета во британското општество и нејзината јавна поддршка за вакцината ќе биде силна порака во борбата против дезинформациите за вакцините и вакцинирањето што се шират на интернет.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе