Британија покани претставник на Северна Кореја да присуствува на погребот на кралицата Елизабета в понеделник, но Авганистан, Сирија и Венецуела не се поканети, изјави извор од Форин офисот.
Поканата е на амбасадорско ниво, вели изворот. Погребот на кралицата ќе се одржи во понеделник во Лондон, а на него ќе присуствуваат многу светски лидери, членови на кралски семејства и други високи гости.
Сирија и Венецуела не се поканети бидејќи Велика Британија во моментов нема дипломатски односи со нив, а Авганистан поради актуелната политичка ситуација, вели изворот.
Со тоа трите држави им се придружуваат на Русија, Мјанмар и Белорусија, кои исто така не се поканети.