Британија планира најголемо вложување во војската од Студената војна

Британија го најави денес најголемото воено вложување од крајот на Студената војна, и покрај коронакризата која ја исцрпи економијата, во време која ја бара својата улога во светската арена по брегзитот.

EPA-EFE

Премиерот Борис Џонсон сака да се избори за водечка улога на Британија во новата ера на глобалната соработка и слободна трговија, која планира да ја зајакне со модерни воени и кибернетички капацитети.

Џонсон кажа дека зголеменото вложување е одраз на потребата за подобрување на воената способност, што вклучува нови технологии со планови за нова вселенска команда и агенција за вештачка интелигенција.

Во денешниот говор во парламентот, во кој ќе даде краток преглед на првите заклучоци од најголемата анализа на надворешната и одбранбената политика во три децении. Џонсон ќе најави дополнителни 16,5 милијарди фунти за војската во следните четири години. Воениот буџет во моментов е нешто по 42 милијарди фунти годишно.

„Ја донесов оваа одлука во екот на пандемијата бидејќи одбраната на кралството мора да биде на прво место“, кажа Џонсон во соопштение.

„Меѓународната ситуација е сè поопасна и интензивно поконкурентна отколку во кое било време од Студената војна“, кажа Џонсон, додавајќи дека Британија мора да стои со своите сојузници. „За тоа да го постигнеме, мораме да ги зајакнеме нашите комплетни капацитети“.

Во време на јакнење на глобалната несигурност и продолжување на подемот на Кина по четирите години на меѓународната дипломатија на американскиот претседател Доналд Трамп, британската одлука од 2016 година да ја напушти Европската Унија ги стави нејзината улога и глобалното влијание под прашалник.

Одлуката за нови инвестиции доаѓа една недела откако Џонсон му кажа на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден дека Британија е решена да остане негов вреден воен сојузник.

Министерот за одбрана Бен Волис кажа дека Британија нема да вложува во војската на штета на средствата за меѓународната помош, по медиумските извештаи дека милијарди фунти ќе бидат повлечени од буџетот за помош на странство.

Комплетните заклучоци на анализата за одбраната и безбедноста ќе бидат објавени следната година.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе