Британија пак ѝ продава оружје на Саудиска Арабија, „можните“ воени злосторства во Јемен се „изолирани инциденти“

Британската влада е критикувана за тоа што продолжи да ѝ продава оружје на Саудиска Арабија, и покрај признавањето дека Ријад може да го користи за вршење воени злосторства во Јемен.

EPA-EFE

Во соопштение објавено денес, секретарката за меѓународна трговија на британската влада Лиз Трас потврди дека Британија ќе продолжи да тргува со оружје со нејзиниот клучен сојузник во Персискиот Залив. Според пресуда на британскиот Апелациски суд од јуни 2019 продавањето оружје на Саудиска Арабија е законско – поради што британската влада ја прекина продажбата додека спроведе ревизија.

Трас соопшти дека, иако некои „кредибилни загрижувачки инциденти“ биле препознаени како „можни“ прекршувања на меѓународното хуманитарно право, британската влада ги гледа како „изолирани инциденти“.

Во понатамошното објаснување на одлуката, Трас тврди дека, оградувајќи се од потенцијални прекршувања во минатото, Саудиска Арабија има „искрена намера да го почитува меѓународното хуманитарно право“.

Најавата остави многумина во Британија збунети, бидејќи доаѓа само еден ден откако шефот на британската дипломатија Доминик Раб најави „нов режим на глобални санкции“ чија цел е да „таргетира луѓе кои извршиле најстрашни прекршувања на човековите права“.

Министерот за надворешни работи на Британија во понеделникот најави дека новите санкции, кои вклучуваат замрзнување имот и визна забрана, ќе бидат употребени против 20 саудиски државјани кои се сметаат за одговорни за убиството на новинарот Џамал Кашоги.

Продолжувањето на продажбата на оружје на Ријад предизвика еден Британец да праша: „Дали некој од министрите во британската влада ќе биде санкциониран – од британската влада?“

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе