Британскиот парламент изгласа

Британија не ја напушта ЕУ на 29 март, брегзитот одложен

Британските пратеници тукушто изгласаа да се одложи крајниот рок за брегзитот, 29 март, и да бараат кратко одложување од Брисел, под услов пратениците да го поддржат договорот на премиерката Тереза Меј, кој двапати го отфрлија, до идната среда.

Пратениците во долниот дом го изгласаа предлогот на владата со 412 гласа наспрема 202. Со предлогот се бара од ториевската влада да побара продолжување на членот 50 од ЕУ и да го одложи брегзитот до 30 јуни за да се постигне договор.

Ова значи дека сега Тереза Меј ќе побара од Унијата да се одложи активирањето на членот 50 до 30 јуни 2019. ако тие се согласат, а веројатно ќе се согласат, вели Гардијан, Велика Британија нема да ја напушти ЕУ на 29 март.

Одложувањето на брегзитот е работа на лидерите на ЕУ, велат голем број дипломатски извори. 27-те шефа на држави и влади на ЕУ ќе мора едногласно да одлучат на самитот на ЕУ в четврток на 21 март. Но прво Велика Британија мора да го побара тоа. ЕУ не може да го разгледува прашањето сè додека британската влада не поднесе официјално барање за одложување на членот 50 од Лисабонскиот договор, кој одредува како една ЕУ-членка може доброволно да ја напушти Унијата.

 

Дали ЕУ ќе каже „да“?

Веројатно, вели Гардијан. Иако секоја поединечна членка има право да го блокира одложувањето на брегзитот, повеќето дипломати сметаат дека ЕУ ќе се согласи, иако не може да се знае со сигурност.

Шансата е во тоа дека лидерите на ЕУ никогаш не разговарале за ова прашање и често имаат построги ставови од функционерите. На пример, во декември, лидерите на ЕУ одлучија дека би било бесмислено да му се даваат на Обединетото Кралство дополнителни правни гаранции за ирскиот „бекстоп“, па заклучија дека е малку веројатно дека некој друг документ ќе ги поколеба пратениците во корист на договорот за брегзитот. Се испостави дека биле во право. Но блокирањето на одложувањето може да се смета за принудување на Велика Британија да ја напушти ЕУ без договор. ЕУ не сака да биде запаметена како виновникот за брегзитот.

И британското барање е важно: Велика Британија мора да успее да покаже „веродостојна оправданост на евентуалното одложување и неговото времетраење“, рече портпаролот на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе