Британија најави голем пакет помош за Украина: „Ќе му покажеме на Путин“

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас денеска ќе претстави сеопфатен долгорочен план за помош во обновата на Украина откако ќе заврши војната со Русија.

Фото: ЕПА

На конференцијата за обнова на Украина во Лугано, Швајцарија, Трас ќе ги претстави британските проекти за краткорочна поддршка на земјата преку испраќање хуманитарна помош, но и долгорочна за заживување на украинската економија со помош на британското знаење во финансиската и економската област, посочува нејзиното министерство во соопштението објавено во неделата.

Лондон особено ќе помогне во обновата на Киев и неговата околина, како одговор на барањето на претседателот Зеленски, посочува Форин офисот. Велика Британија планира да организира и конференција за обнова на Украина во 2023 година и да отвори канцеларија во Лондон за да ја координира таа работа.

„Закрепнувањето на Украина по руската агресија ќе биде знак за моќта што ја има демократијата над автократијата. Тоа ќе му покаже на Путин дека неговите обиди да ја уништи Украина доведоа само до посилна, поразвиена и пообединета земја“, рече шефицата на британската дипломатија, пред конференцијата во Лугано.

„Предводевме во обезбедувањето помош за Украина за време на војната и ќе продолжиме да бидеме на чело кога станува збро за поддршката на планот на украинската влада за обнова и развој“, рече таа.

Во средата, британската влада објави дека ќе издвои 1,16 милијарди евра дополнителна воена помош за Украина како одговор на руската инвазија, која ќе вклучува системи за противвоздушна одбрана и беспилотни летала.

Со оваа распределба вредноста на британската воена помош за Киев се искачува на 2,3 милијарди фунти.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе