Британија најави дека во случај на брегзит без договор веднаш ќе ја укине слободата на движење

Британија порача дека во случај на брегзит без договор на 31 октомври веднаш ќе ги укине правилата на ЕУ за слобода на движењето, што е заострување на ставот во однос на претходната влада иако премиерот Борис Џонсон порача дека земјата нема да биде непријателски расположена кон емиграцијата.

Поранешната премиерка Тереза Меј, кој Џонсон ја наследи на 24 јули, предвидуваше „транзициски период“, дури и во случај Британија да излезе од ЕУ без договор, што би им овозможило на европските граѓани патување, работа или студии во Британија, без специјални чекори кои притоа би требало да ги преземат.

„Слободата на движењето, таква каква што денес постои, ќе заврши на 31 октомври кога Британија ќе излезе од ЕУ. По брегзитот владата ќе воведе нов и поправеден емиграциски систем во кој приоритетот ќе биде на вештините и тоа како луѓето можат да ѝ придонесат на Британија, а не на местото од кое доаѓаат“, кажа портпаролката на Даунинг стрит.

Деталите за новите правила за слободата на движење ќе бидат познати наскоро, а ќе вклучуваат и построги проверки во смисла на евентуално криминално минато на оние кои сакаат да влезат во земјата.

„Тоа не значи дека ќе спречиме влегување во земјата и не значи дека непријателски ќе се однесуваме кон емиграцијата или емигрантите“, кажа Џонсон за Би-би-си.

„Емиграцијата во Обединетото Кралство демократски ќе се контролира и ќе создадеме систем по примерот на Австралија“, додаде британскиот премиер.

На почетокот на август Џонсон најави забрзан процес на издавање визи за да ги привлече „најдобрите мозоци“ и да ѝ овозможи на Британија да „продолжи да биде научна суперсила“ по брегзитот.

Тој вети и дека ќе го заштити правото на европските државјани кои живеат во Британија да останат таму и во случај на излегување без договор.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе