Британија ќе ја мобилизира војската поради паничното купување гориво

Британската влада многу веројатно ќе ја мобилизира војската поради големите редови кои се создадоа на бензинските пумпи низ таа земја.

EPA-EFE

Тоа за Скај њуз го потврдил извор од владата. Според него, станува збор за мерка на претпазливост.

Околу 90 отсто од британските бензински пумпи во големите британски градови денес пресушија откако паничното купување ја продлабочи кризата со ланецот на снабдување предизвикана од недостигот на возачи на камиони, за која трговците предупредуваат дека може да ја загрози петтата најголема светска економија.

Огромниот недостиг од возачи на камиони по брегзитот во Британија предизвика хаос во ланците за снабдување во сè, од храна до гориво, и ја зголеми низата нарушувања и поскапувања пред Божиќ.

Само неколку дена откако владата на премиерот Борис Џонсон потроши милиони фунти за да спречи недостиг од храна поради скокот на цените на природниот гас и нуспроизводите на јаглеродниот диоксид, министрите во повеќе наврати побараа од луѓето да се воздржат од панично купување. Голем број бензински пумпи затворија.

Вчера десетици автомобили во редици излегуваа од бензинските пумпи низ земјата голтајќи ги резервите и присилувајќи голем број бензински пумпи едноставно да затворат. Пумпите во британските градови се или затворени или со натписи дека нема гориво, јавува Ројтерс.

„Некои наши членови известуваат дека од вчера без гориво останале 50 отсто, а според некои извештаи, дури 90 отсто“, кажа Брајан Мадерсон, претседател на Здружението на трговци со нафтени деривати. „Значи, прилично е акутно“.

Британската влада објави план за издавање привремени визи за 5.000 странски возачи на камиони. Но, бизнис лидерите предупредија дека владиниот план е краткорочно решение и дека нема да го реши акутниот недостиг од работна сила.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе