Британија ќе ѝ испорача на Украина системи за противвоздушна одбрана (ВИДЕО)

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас порача дека Британија ќе ѝ испорача системи за противвоздушна одбрана на Украина, пренесува Си-ен-ен.

EPA-EFE

„Најдобриот начин да се заштити небото е противвоздушен систем, кој Обединетото Кралство од сега ќе ѝ го испорачува на Украина“, кажа министерката, зборувајќи на конференција за медиумите задно со државниот секретар на САД Ентони Блинкен во Вашингтон.

Британија не бара да се воспостави зона на забранети летови над коридорите за евакуација во Украина бидејќи тоа „би довело до директна конфронтација меѓу НАТО и Русија“. А тоа не е она што го сакаме, кажа Трас.

Претседателот на Украина Володимир Зеленски побара затворање на небото над Украина повеќе пати, а на тоа повика и претходно денес кога наведе дека Русија погодила детска болница во Мариупол.

Трас кажа дека Британија е за тоа целосно да се забрани пристапот на руските банки до системот за плаќање СВИФТ, како и сите земји од Г7 да престанат да користат руски нафта и гас.

Британската министерка оцени дека, иако руската инвазија на Украина предизвикува „огромна болка и мачење“, рускиот претседател Владимир Путин „не го остварува напредокот кој го планирал“.

„Го изненадивме Путин со своето единство и цврстината на нашите санкции, целејќи ги банките, бродовите, авионите, олигарсите и приходите од нафта и гас. А храбриот украински народ го изненади со својата решителност и своето лидерство“, кажа Трас. „Сега не е време за откажување. Путин мора да падне“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе