„Најдобриот начин да се заштити небото е противвоздушен систем, кој Обединетото Кралство од сега ќе ѝ го испорачува на Украина“, кажа министерката, зборувајќи на конференција за медиумите задно со државниот секретар на САД Ентони Блинкен во Вашингтон.
Британија не бара да се воспостави зона на забранети летови над коридорите за евакуација во Украина бидејќи тоа „би довело до директна конфронтација меѓу НАТО и Русија“. А тоа не е она што го сакаме, кажа Трас.
Претседателот на Украина Володимир Зеленски побара затворање на небото над Украина повеќе пати, а на тоа повика и претходно денес кога наведе дека Русија погодила детска болница во Мариупол.
Трас кажа дека Британија е за тоа целосно да се забрани пристапот на руските банки до системот за плаќање СВИФТ, како и сите земји од Г7 да престанат да користат руски нафта и гас.
Британската министерка оцени дека, иако руската инвазија на Украина предизвикува „огромна болка и мачење“, рускиот претседател Владимир Путин „не го остварува напредокот кој го планирал“.
„Го изненадивме Путин со своето единство и цврстината на нашите санкции, целејќи ги банките, бродовите, авионите, олигарсите и приходите од нафта и гас. А храбриот украински народ го изненади со својата решителност и своето лидерство“, кажа Трас. „Сега не е време за откажување. Путин мора да падне“.