АКТИВИРАЈЌИ ГО ЧЛЕНОТ 50

Британија ќе го почне брегзитот на 29 март

Премиерката Тереза Меј ќе го активира членот 50 на 29 март, со што официјално ќе почне процесот на заминување на Велика Британија од Европската Унија.

Следната среда ЕУ ќе добие допис од Меј за почеток на брегзит. Со тоа ќе почне двегодишното одбројување до излегувањето од ЕУ, односно ќе почнат преговорите меѓу Лондон и Брисел.

Ако преговорите се одвиваат во согласност со распоредот, брегзитот би требало да се постигне до крајот на март 2019 година.

Даунинг стрит вели дека не постојат планови за предвремени избори, според Скај њуз.

Тим Бароу, амбасадорот на Велика Британија во ЕУ, утрово официјално ја известил канцеларијата на претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск, јави британски Телеграф.

„Рековме дека тоа ќе биде до крајот на март и сметаме дека би било корисно да кажеме кога ќе се случи тоа“, рече официјалниот портпарол на премиерката.

„Ние сакаме преговорите да почнат веднаш. Очекуваме дека тоа ќе биде двегодишен процес и убедени сме дека ќе го постигнеме тоа. Значи Велика Британија ќе излезе од ЕУ на 29 март 2019 година.“

Велика Британија „очекува да добие одговор во рок од 48 часа“, додаде портпаролот.

Во Мексико, Индија и Турција, жените завршуваат трипати повеќе обврски поврзани со грижа од мажите.

повеќе

Сега свесно или несвесно се оди во друг правец, сведувајќи ја  партијата  на ниво на  дебатен клуб.

повеќе

Најчести места каде што може да се препознае (и шири) говорот на омраза на интернет се всушност онлајн медиумите кои дозволуваат простор за коментирање.

повеќе