Британија ја обвини Русија дека се обидела да се меша во изборите

Британија соопшти вчера дека Русија се обидела да се меша во општите избори во 2019, со тоа што незаконски набавила документи поврзани со трговскиот договор со САД и ги објавила на социјалните мрежи.

EPA-EFE

„Речиси е сигурно дека руски актери се обиделе да се вмешаат во општите избори во 2019, незаконски создавајќи копии од владини документи и објавувајќи ги преку социјалните медиуми“, изјави министерот за надворешни работи Доминик Раб.

„Чувствителни владини документи поврзани со американско-британскиот договор незаконски биле набавени пред општите избори во 2019 и дистрибуирани онлајн преку социјално-медиумската платформа Редит“, додаде тој.

Премиерот Борис Џонсон надмоќно победи на изборите во декември 2019, победувајќи го лидерот на Лабуристичката партија Џереми Корбин во таа мера што Конзервативната партијаа има најмногу пратеници од 1987 и времето на поранешната премиерка Маргарет Тачер.

„Иако нема докази за поголема руска кампања насочена против општите избори, секој обид за мешање во нашиот демократски процес е целосно неприфатлив“, кажа Раб.

„Владата го задржува правото да одговори со соодветни мерки во иднина“.

Односите меѓу Лондон и Москва го достигнаа нивото од Студената војна во 2018 кога Британија ја обвини Русија за обидот за убиство на двојниот шпион во англискиот град Салзбери.

Русија негираше каква било одговорност, но Лондон идентификуваше агенти од руската воено разузнавачка служба ГРУ кои допатувале во Англија за наводно да го отрујат поранешниот двоен агент Сергеј Скрипаљ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе