Ковид-19

Британија извакцинира над 600.000 луѓе за еден ден

За само 24 часа граѓаните на Велика Британија примиле повеќе од 600.000 дози вакцина против коронавирусот, се вели во податоците објавени во саботата.

Фото: ЕПА

Официјалните податоци покажаа дека во петокот на британските граѓани им биле дадени 119.306 први дози и 485.421 втора доза вакцина против ковид-19.

Податоците од саботата покажаа дека имало уште 2.206 случаи на инфекција со коронавирусот тој ден, а се посочува и дека 35 лица починале од коронавирусот во рок од 28 дена по позитивниот тест. Велика Британија има околу 68 милиони жители.

Во последните седум дена, дневната смртност во Велика Британија опадна за 29 проценти во однос на претходната недела, а бројот на заболени од коронавирусот опадна за 6,5 проценти.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе