Британија и Германија тврдат дека имаат доволно ремдесивир

Германија и Британија гарантираат дека имаат доволно резерви на антивирусниот ремдесивир, првиот лек кој се покажа релативно ефикасен во лечењето на ковид-19, чие речиси цело производство од трите следни месеци го купија Соединетите Американски Држави.

EPA-EFE

Американската влада објави во понеделникот дека купила 92 отсто од целото производство на лаборатиријата Гилеад од јули до септември или околу 500.000 третмани од вкупно 550.000 (за секој третман се потребни просечно 6,25 шишенца).

„Претседателот (Доналд) Трамп склучи неверојатен договор за Американците да имаат пристап до првото одобрено терапевтско лекување на ковид-19“, изјави американскиот министер за здравство Алекс Азар.

Лекот е одобрен во Соединетите Држави од 1 мај по клиничките тестирања кои покажаа дека за четири дена го скратува оздравувањето на тешко заболените од ковид-19. Европа допрва треба да го одобри.

Објавата на Вашингтон предизвика стравувања за недостиг во остатокот од светот, но барем две европски земји објавија синоќа дека не се загрижени за своите граѓани.

„Британија веќе некое време го користи ремдесивир, најпрвин во клиничките тестирања и сега во рамки на програмата за ран пристап до лекови. Британија има доволни резерви од ремдесивир“, соопшти кабинетот на британскиот премиер.

Во Германија владата „претходно обезбедила резерви од ремдесивир“, изјави портпаролот на министерството за здравство и додаде дека засега имаат доволни резерви.

Лабораторијата Гилеад наведе дека им дала бесплатни лиценци на девет произведувачи на генерички лекови во Индија, Пакистан и Египет. Тие лаборатории имаат дозвола да ги дистрибуираат нивните генерички верзии на ремдесивир во 127 земји, главно во Африка, Азија, на Блискиот Исток и во Централна Америка.

Во разговор за американскиот канал Си-би-ес на 3 мај шефот на Гилеад Дениле О’Деј тврдеше дека ремдесивирот произведен во САД би можел да се извезува.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе