„Одличен нов договор“

Британија и ЕУ постигнаа договор за брегзитот

Постигнат е нов договор за брегзитот помеѓу преговарачките тимови на Велика Британија и ЕУ пред состанокот на европските лидери во Брисел.

Двете страни работеа на правниот текст на договорот, но сепак ќе треба одобрување и од парламентот на Велика Британија и од тој на Европа.

Премиерот Борис Џонсон твитна: „Постигнавме одличен нов договор што ни ја враќа контролата“.

И Жан-Клод Јункер, претседател на Европската комисија, исто така, потврди дека е постигнат договор. Тој на Твитер порача дека е постигнат „праведен и балансиран договор и за ЕУ и за Британија“:

И Џонсон и Јункер ги повикаа своите парламенти да го поддржат договорот.

Северноирската Демократска унионистичка партија претходно објави соопштение во кое рече дека не можат да ги поддржат предлозите „како што стојат работите“, а сега, по најавата на премиерот, рекоа дека нивното соопштение „сè уште важи“.

Веднаш по веста дека е постигнат договор, фунтата се искачи на 1,29 американски долари, највисоко во последниве пет месеци.

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе