Ковид-19

Британија го намали периодот на самоизолација од 14 на 10 дена

Главните медицински експерти велат дека луѓето се најзаразни во првите два дена пред да развијат симптоми и дека до 10-тиот ден, само 1% до 2% сѐ уште можат да го пренесат вирусот на други, вели Гардијан.

Фото: ЕПА

Периодот на самоизолација за луѓето што биле во контакт со некој што има коронавирус се намалува од 14 на 10 дена низ цела Велика Британија, објави владата, а од почетокот на следната година може целосно да биде укинат.

Во заедничката изјава на главните медицински експерти на Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска се вели дека на 10 дена се намалува и периодот во кој луѓето треба да седат во карантин по враќањето од прекуокеанските земји што не се наоѓаат на списокот на безбедни држави.

Периодот од 10 дена веќе важи за луѓето што имаат симптоми што укажуваат на ковид-19 или имаат позитивен тест.

Промената на правилата за самоизолација веќе стапи во сила во Велс, а од понеделник тоа ќе се случи и во другите нации во Велика Британија, со ретроспективна примена дури и за оние што веќе се самоизолирани.

Во заедничката изјава главните медицински експерти велат дека откако ги разгледале доказите, тие биле „уверени“ дека треба да се намали временскиот период и додаваат: „Апелираме до сите да се самоизолираат кога има потреба - тоа ќе спаси животи“.

Главните медицински експерти велат дека луѓето се најзаразни во првите два дена пред да развијат симптоми и дека до 10-тиот ден, само 1% до 2% сѐ уште се способни да им го пренесат вирусот на други.

Заменик-главниот медицински експерт во Англија, д-р Џени Харис, рече дека доказите се тоа дека „крајот на заразноста, ако сакате, е тогаш кога едно лице има најмала веројатност да ја пренесе инфекцијата“.

Таа додаде: „Значи, дозволувањето некому да излезе од самоизолација малку порано од тоа е разумна рамнотежа помеѓу справувањето со ризикот за јавноста, но и овозможување да не им навлегуваме во животот.“

Во исто време, владата почна со пилот-шеми за укинување на периодот на самоизолација во следната година. Во испитувањето, со седиште во Ливерпул, одреден период секој ден ќе се тестираат контактите на потврдени заразени со коронавирусот и ќе се бара да се изолираат само ако се позитивни.

Проблемот со периодот од 14 дена беше слабото почитување на изолацијата, честопати затоа што луѓето не можат да си дозволат да не одат на работа толку долг период, особено ако немаат право на боледување. Според документите од владината Научна советодавна група за итни случаи објавени во септември, помалку од 20% од луѓето во Англија целосно се самоизолираат кога тоа ќе биде побарано од нив.

Посиромашните луѓе имаат помала веројатност да се самоизолираат затоа што не можат да си дозволат да ја пропуштат работата, велат научниците.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе