Британија ги повлекува дипломатите од ЕУ

Британските дипломати ќе се повлечат од институционалните структури на Европската Унија во Брисел во рок од неколку дена, според планот на владата на Борис Џонсон, пишува британски Гардијан.

Во обид да се зајакне пораката дека Британија ќе излезе од ЕУ до 31 октомври, британските дипломати ќе престанат да присуствуваат на секојдневните состаноци во Брисел, наведува весникот.

Потегот, како што сметаат функционерите во Лондон, е во согласност со првото обраќање на Џонсон во Долниот дом на парламентот кога кажа дека ќе ја ослободи британската дипломатија од европските задачи.

Критичарите сметаат дека симболичното повлекување ќе ја остави Британија без увид во одлуките на ЕУ што би можело да им штети на националните интереси.

Гардијан потсетува дека се очекува присуството на британските дипломати на претстојната работна група на ЕУ на кој останатите 27 членки ќе разгледуваат безбедносни прашања, паневропскиот договор за идни кризи кои би ги опфатиле цивилите, надворешната политика и заштитата на интересите на потрошувачите.

Министерот за надворешни работи Доминик Раб најави дека ќе присуствува на средбата на шефовите на дипломатиите кон крајот на август во Хелсинки.

Не се знае до кога ќе трае британското повлекување на дипломатите од ЕУ, пишува Гардијан и потсетува дека околу 150 британски дипломати се постојано присутни во Брисел, каде што лобираат за интересите на својата земја.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе