Британија ги повлече воените бродови од Ламанш, попуштија и Французите

Британија и Франција ги повлекоа денес бродовите од водите кај островот Џерси во каналот Ламанш по спорот околу риболовот.

EPA-EFE

Портпаролот на британскиот премиер Борис Џоносн потврди вечерва дека, бидејќи француските рибарски бродови се повлекле од водите кај Џерси и се вратиле во Франција, Британија исто така ги повлекла воените патролни бродови.

Кажа дека Џонсон е „многу задоволен“ од таквиот развој на ситуацијата.

Во соопштението се наведува дека властите на Џерси имаат „право“ да го регулираат риболовот во своите води според договорот за трговија кој Британија го склучи со ЕУ и дека Британија ги поддржува во тоа.

Островот Џерси не е дел од Обединетото Кралство и има сопствена управа и законодавство, но е имот на британската круна.

Спорот изби околу новите дозволи за риболов за француските рибари во кои биле вклучени и некои нови услови, што ги разгневи француските рибари и владата.

Париз го пријави тоа на Европската комисија тврдејќи дека тие нови услови се наметнати еднострано, без договор и се нечесни кон француските рибари, пренесува Ројтерс.

Аник Жирарден, француската министерка за поморска политика, алудираше дека Франција би можела поради тоа на Џерси да му го прекине снабдувањето со електрична енергија.

Спорот се заостри денес откако 50-тина француски рибарски бродови го блокираа пристаништето Сент Елиер, главниот град на Џерси.

Двете земји потоа испратија воени бродови во таа област како мерка на претпазливост.

Островот Џерси се наоѓа само 23 километри од францускиот брег и 140 километри од британскиот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе