Британија би можела во ЕУ да остане уште две години

Британската премиерка Тереза Меј со писмо од Европската Унија ќе побара продолжување на крајниот рок за брегзитот до крајот на јуни, со можност за продолжување на одложувањето до две години, објави на Твитер политичката уредничка на Би-би-си.

До предвиденото излегување на Велика Британија од ЕУ останаа само 10 дена, но портпаролот на премиерката претходно кажа дека Меј ќе му пише на претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и во вторник или среда ќе побара одложување на брегзитот.

Уредничката на Би-би-си Лора Кунсберг по денешната седница на британската влада на Твитер напиша: „Извори во владата тврдат дека премиерката денес го пишува писмото до Европската Унија во кое ќе го побара продолжувањето – фурстрирачко е тоа што како краен датум ќе се побара 30 јуни, со одредба за можност за продолжување до две години“.

Во својот твит додаде дека „според еден извор, на седницата немало слога, а другиот извор е гневен бидејќи изгледа дека премиерката повторно избегнува да донесе вистинска одлука за опцијата што таа ја сака, па наместо тоа бара кратко одложување за да се најде начин на нејзиниот договор да му се даде нова шанса“.

Дваесет и седумте членки на ЕУ наводно се спремни да ѝ дозволат на Британија на самитот во Брисел следната недела кратко продолжување на рокот во траење од неколку недели ако пред тоа виде усвоен договорот на премиерката со Брисел.

Договорот со Брисел британскиот парламент го отфрли веќе двапати – на 15 јануари и минатиот вторник.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе