„Украинските оружени сили во изминатите недели го напаѓаа рускиот гарнизон користејќи проектили и беспилотни летала. Освен тоа, користеа противбродски проектили за да ги спречат воените бродови кои се обидуваа да го снабдат островот“, пишува британското министерство.
„Русија веројатно се повлече од Змискиот Остров поради изолацијата на гарнизонот и неговата сè поголема ранливост на украинските напади, а не како „знак на добра волја““, се истакнува во британскиот извештај.
Објавија дека руските копнени сили го зазеле селото Привила северозападно од градот Лисичанск во Донбас, а интензивните борби продолжуваат околу рафинеријата во Лисичанск.