Британците тврдат дека Иран се обидел да пресретне нивен танкер

Ирански бродови со оружје се обиделе да пресретнат британски нафтен танкер во Ормушкиот теснец пред да ги избркаат бродови на британската Кралска воена морнарица, тврди британската влада.

Би-би-си пренесува дека од танкерот било побарано да сопре во блиските ирански територијални води, но бродовите се повлекле по предупредување од британска фрегата.

Иранската револуционерна гарда негираше дека дошло до инцидент.

„Во последните 24 часа не сме имале никаков инцидент со странски бродови во Ормушкиот теснец па ни со британски“, наведе Револуционерната гарда во соопштение објавено на официјалната интернет страница.

Иран се закани со одмазда откако еден негов танкер беше запленет кај Гибралтар минатата недела. Американското министерство за одбрана не ги коментираше настаните иако Пентагон соопшти дека знае за извештајот.

Според британската влада, пет брода на корпусот на иранската Револуционерна гарда се приближиле на танкерот Бритиш херитиџ, додека испловувал од Персискиот Залив.

Бродот ХМС Монтроуз им се заканил на иранските бродови дека ќе пука доколку не се повлечат.

Британски маринци минатата недела запленија ирански нафтен танкер во водите кај Гибралтар поради докази дека пловел кон Сирија и покрај санкциите на ЕУ.

Иран во знак на одмазда се закани со запленување британски нафтен танкер доколку иранскиот брод не биде пуштен.

Техеран го повика британскиот амбасадор во Иран на консултации жалејќи се на „пиратската тактика“ на Британците, додека иранскиот претседател Хасан Рохани ја нарече Британија „уплашена“ бидејќи со бродови на Кралската воена морнарица ги придружува нафтените танкери.

Бродови на воената морнарица го придружувале и танкерот Пасифик војаџер за време на минувањето низ Ормушкиот теснец.

Среде растечките тензии меѓу Британија и Иран, САД повикаа на воведување нови санкции за да се казни иранскиот режим.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе