Британците сѐ помасовно бараат германски пасоши пред брегзитот

Во периодот по референдумот за брегзитот, одржан во јуни 2016, бројот на британски државјани кои побарале германски пасош нагло се зголемил, соопшти Сојузната агенција за статистика во Визбаден.

„Во 2017 7.500 британски државјани се впишани во германската книга на државјанства, што е пораст од 162 отсто во споредба со 2016 кога исто така забележавме пораст особено по јуни“, се вели во соопштението на германската статистичка агенција.

Сепак, најголем дел од овие барања се на државјани на Велика Британија кои веќе со години живеат во Германија.

Еден дел, меѓутоа, отпаѓа и на британските државјани со еврејско потекло чии претци некогаш биле германски државјани, а кои во екот на нацистичкиот режим биле присилени да избегаат од Германија. Тие имаат автоматско право на германско државјанство.

Останатите британски државјани мора да исполнат некои услови, како осумгодишен престој во Германија, познавање на германскиот јазик и доказ дека се во состојба сами да се издржуваат. Сѐ додека Британија е во Европската Унија Британците не мора при барањето на германско државјанство да се откажат од своето британско државјанство, што важи за сите граѓани на земјите од ЕУ.

Истовремено пораснал и бројот на германски државјани со престој во Британија кои по референдумот за брегзит побарале и британско државјанство.

Во 2017 година 2.636 германски државјани добиле британски пасош, што е 165 отсто повеќе од претходната година.

Со потпишувањето на Преспанскиот договор се чинеше дека се отстрани единствената пречка за македонската интеграција во ЕУ и НАТО.

повеќе

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе