Планот би требало да стапи на сила на крајот на месецот

Британците се откажуваат од потврдите за вакцинација

Владата на Британија се откажа од плановите за воведување потврда за вакцинација за влез во објектите во кои престојува голем број луѓе.

EPA-EFE

„Задоволство ми е да ве информиран дека нема да ги реализираме плановите за ковид-пасошите“, кажа за Би-би-си британскиот министер за здравство Саџид Џавид.

Планот, кој требаше да стапи на сила на крајот на септември, подразбираше дека секој кој влегува во затворен простор во кој престојуваат поголем број луѓе – како ноќни клубови – мора да покаже доказ за целосна вакцинација.

„Мислам дека можеме да кажеме дека на повеќето луѓе таа идеја инстинктивно не им се допадна“, кажа Џавид. „Мене никогаш не ми се допаѓаше идејата да им кажувам на луѓето дека мора да покажуваат документи или што било друго за да прават нешто што е всушност секојдневна активност“.

„Меѓутоа, планот сепак ќе биде оставен во резерва како потенцијална опција“, кажа тој.

Претходно овој месец, министерот за вакцини Надим Захави кажа дека ковид-пасошите се неопходни за големите објекти да останат отворени, што предизвика гнев кај угостителите.

„Оваа идеја отсекогаш беше дискриминаторска“, кажа Саша Лорд, советничка за економијата на ноќниот живот во Манчестер. „Покажавме дека можеме да организираме безбедни настани“.

Пред неколку дена, пратениците во Шкотска гласаа дека влезот во одредени објекти – како ноќните клубови, местата каде што се одржуваат музички фестивали и одделни фудбалски стадиони – ќе биде дозволен само со ковид-пасоши.

Од шкотското здружение на индустријата на ноќниот живот кажаа дека тој план опасно ќе го загрози опстанокот на секторот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе