Одговор до Русија

Британците праќаат бродови во Црно Море, „Мерлин“ и „Кралицата Елизабета“ во состојба на готовност

Велика Британија во мај ќе испрати разурнувач и противподморничка фрегата во Црно Море во знак на солидарност со Украина и сојузниците од НАТО во регионот.

Фото: ЕПА

Ова му го соопштиле на Тајмс извори од Кралската воена морнарица.

Бродовите, според весникот, се дел од групата носачи на авиони лоцирани во Средоземно Море. Борците Ф-35 и хеликоптерите „Мерлин“ на носачот на авиони „Кралица Елизабета“ ќе бидат подготвени да „дотрчаат“ напомош во случај на закана од руски бродови, подморници и авијација, пишува весникот. Во исто време, носачот на авиони останува во Средоземно Море бидејќи е забрането влегување на такви големи бродови во Црно Море.

Изворот од британската морнарица за Тајмс изјавил дека Лондон го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и ја повикува Русија да ја смири ситуацијата.

Претходно, и САД планираа да испратат бродови во Црно Море. Разурнувачите „Рузвелт“ и „Доналд Кук“ требаше да пристигнат на 14-15 април, но, како што објавија медиумите, Пентагон одлучи да се откаже од оваа операција, поради опасната ескалација на тензиите меѓу Русија и Украина.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе