Со смртта на кралицата и почетокот на владеењето на кралот Чарлс Трети, зборовите на државната химна веднаш се сменија од „Боже чувај ја кралицата“ во „Боже чувај го кралот“, пренесува Би-би-си.
Химната беше отпеана по службата одржана во катедралата во помен на покојната кралица.
Оваа верзија на химната последен пат беше пеена во 1952 година, кога беше сменета по смртта на кралот Џорџ Шести и крунисувањето на Елизабета Втора. Со новиот крал и машкиот престолонаследник, принцот Вилијам, химната во следниот период веројатно нема да се менува.