Британците и Американците тврдат дека имаат лек кој делува против омикрон

Британскиот производител на лекови Глаксо Смит Клајн објави дека неговиот лек сотровимаб или анти-ковид-19 терапијата базирана на антитела, на која работат со партнерот од САД, компанијата Вир, е ефикасен против сите мутации на новата варијанта на коронавирусот – омикрон, истакнувајќи дека се работи за најновите податоци од студијата во рана фаза.

Фото: ЕПА

Резултатите од студијата, кои допрва треба да поминат рецензија и да бидат објавени во рецензираното медицинско списание, сугерираат дека третманот со сотровимаб е ефикасен против сите 37 мутации на протеинскиот шилец досега идентификувани, се вели во изјавата на Глаксо Смит Клајн.

Уште едни претклинички резултати од истражување спроведено минатата недела покажаа дека лекот делува против клучните мутации во варијантата омикрон.

Сотровимаб е дизајниран така што се врзува за протеинскиот шилец на површината на коронавирусот, но беше откриено дека омикрон има невообичаено голем број мутации во тој протеин.

Коронавирусот предизвикува инфекција со помош на протеин на својата површина или шилецот на протеинот со помош на кој се врзува за клетките на телото и влегува во нив и предизвикува болест. Затоа, повеќето вакцини се развиваат така што го таргетираат шилецот на протеинот, со што вакцината во организмот предизвикува производство на антитела и Т-клетки кои се насочени против шилецот и го спречуваат продорот на коронавирусот во клетките на домаќинот.

„Овие претклинички резултати од студијата сугерираат дека нашето моноклонално антитело може да биде ефикасно против најновата варијанта, омикрон, но и против сите други варијанти досега дефинирани од СЗО“, рече главниот научен директор на ГСК, Хал Барон.

Глаксо Смит Клајн и Вир создадоа таканаречени псевдовируси кои содржат значајни мутации на коронавирусот во сите сомнителни варијанти што се појавија досега, и спроведоа лабораториски тестови за нивниот одговор на третманот со сотровимаб.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе