„Тоа е ваш домашен интерес“

Брисел вознемирен поради американските подготовки за нови санкции против Русија

Европската Унија изрази вознемиреност поради постапките на американскиот Конгрес за јакнење на санкциите против Русија и од Вашингтон било побарано да продолжи да се координира со партнерите од Г7.

Во соопштението на Европската комисија објавено откако претставниците на Републиканската и Демократската партија во американскиот Конгрес постигнале договор со кој би можел да биде усвоен нацрт закон за јакнење на санкциите против Русија, се предупредува дека се можни „широки и непланирани полседици“, особено по напорите на ЕУ да дојде до различни енергетски извори.

Германија веќе предупреди на можен одговор доколку САД почнат да ги казнуваат германските компании кои учествуваат во изградбата на новиот гасовод на Балтикот за рускиот гас.

Дипломати од ЕУ изразиле загриженост дека германско-американскиот спор околу гасоводот Северен ток 2 кој го гради руски Газпром би можел да ги искомплицира напорите во Брисел да се дојде до консензус во преговорите со Москва за проектот.

„Многу го вреднуваме единството меѓу меѓународните партнери во нашиот пристап кон постапките на Русија во Украина и подоцнежните санкции. Единството е гарант на ефикасноста и сигурноста на нашите мерки“, се истакнува во сооштението на Европската комисија.

Во соопштението се истакнува дека Брисел сфаќа дека нацрт законот за санкциите против Иран и Русија е воден главно од интереси на домашен план.

Американскиот Сенат минатиот месец го усвоија нацрт законот за санкции против Иран, Северна Кореја и Русија, а пратениците во Конгресот вчера ги отстранија дополнителните пречки.

Аналитичарите сметаат дека санкциите кои се однесуваат на Русија привлекле најголемо внимание поради упорното залагање на американскиот претседател Доналд Трамп за затоплување на односите со рускиот лидер Владимир Путин и поради истрагата која е во тек за наводното мешање на Москва во минатогодишните избори во САД.

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе