Бретон по победата на конзервативците и Џонсон

Брисел сака да ги обнови односите со Лондон

Новиот европски комесар за единствен пазар, Тиери Бретон, денеска изјави дека Брисел сака да ги „обнови“ односите со Лондон, особено во трговијата, по победата на Борис Џонсон на предвремените парламентарни избори во Велика Британија, по кои брегзитот би требало да се оствари до 31 јануари.

„Сега треба да ги обновиме односите со Велика Британија, која е важен партнер“, рече Бретон во Брисел, изразувајќи желба да се воспостават избалансирани трговски односи со Лондон.

Бретон очекува Европскиот совет денес на состанокот во Брисел да го обнови мандатот на преговарачот Мишел Барние, кој веќе преговараше со Лондон за договорот за брегзитот.

„Трговските односи треба да продолжат. Велика Британија е многу важен партнер за ЕУ и ние сме ѝ првиот трговски партнер на таа земја“, додаде Бретон.

Конзервативната партија на премиерот Борис Џонсон го освои мнозинството на изборите, отворајќи го патот за повлекување на Велика Британија од членството во ЕУ на 31 јануари.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе