Брисел подготвува нови санкции против Додик

Поранешниот висок претставник на меѓународната заедница во БиХ Волфганг Петрич изјави дека во Брисел се подготвуваат нови санкции против Милорад Додик.

„Како што се знае, Додик е веќе на црната листа на САД. Информиран сум од Брисел дека Европската Унија сериозно размислува на Додик да му забранат издавање виза, односно влез во ЕУ. Не знам дали тоа ќе се случи, но сѐ ќе видиме наскоро“, кажа Петрич.

На прашањето дали смета дека зад новонастанатата криза во БиХ стојат Белград или Москва, австрискиот дипломат одговори одречно.

„Ова е проект на Додик. Како член на Претседателството на БиХ кој свокува сесија, тој е во директен конфликт на интереси, бидејќи, како претседател, мора да ја брани државата и нејзиниот интегритет и суверенитет“, кажа Петрич.

Според него, Додик мора да биде сменет доколку продолжи да дејствува против БиХ.

„Претседателот на Србија Александар Вучиќ истакна неколку пати дека сѐ работи во согласност со законот, а тоа е спротивно на желбите на Додик. Од другата страна, (рускиот претседател) Владимир Путин е заинтересиран да ја ослаби ЕУ на Балканот и затоа тивко го поддржува Додик. Но, нема да ризикува да влезе во отворена пресметка со Брисел и Вашингтон“, оцени Петрич.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе