ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС

Брисел ќе му се одмазди на Вашингтон поради санкциите кон Русија

Брисел се подготвува да им се одмазди на САД ако Вашингтон продолжи со далекосежните нови санкции за Русија, кои ќе ги погодат и европските компании, вели Фајненшл тајмс.

Жан-Клод Јункер, претседателот на Европската комисија, повика итно да се разговара за тоа како Брисел треба да одговори ако европските енергетски компании или други бизниси се погодени од санкциите за кои се дискутира во Конгресот на САД.

Според една белешка подготвена за состанокот на Комисијата во средата, а до која дошол Фајненшл тајмс, Брисел „треба да биде подготвен да дејствува во рок од неколку дена“ ако мерките на САД се „усвојат без да се земе предвид загриженоста на ЕУ“.

Американските пратеници за време на викендот постигнаа договор да воведат нови санкции против Русија, додека Вашингтон се обидува да ја казни Москва за нејзиното наводно мешање во минатогодишните избори.

За одлуката, која освен за Русија ќе важи и за Иран и за Северна Кореја, се очекува да се гласа утре.

Сара Хакаби Сандерс, секретарка за печатот во Белата куќа, во неделата објави дека администрацијата го поддржала новиот закон и дека претседателот Доналд Трамп веројатно ќе го потпише.

„Администрацијата поддржува цврст став кон Русија, особено во воведувањето на овие санкции“, рече Хакаби Сандерс за Еј-би-си њуз.

Во белешката на ЕУ се вели дека „примарен фокус“ на Брисел треба да биде да се бара „јавна или писмена гаранција“ од администрацијата на Трамп дека нема да ги применува новите санкции на начин што ќе ги погоди интересите на ЕУ.

Други опции наведени во забелешката на комисијата на ЕУ се користење на европскиот закон за да се спречи мерките на САД да бидат „признаени или спроведени“ во Европа или да се подготват „одмазднички мерки“ во согласност со Светската трговска организација.

Европа е длабоко загрижена дека санкциите би можеле да ги погодат европските енергетски компании што се вклучени во проекти поврзани со Русија, вклучувајќи ги и оние ангажирани во иницијативата „Северен тек 2“ за изградба на дополнителни подводни цевки за природен гас помеѓу Русија и Германија.

Проектот „Северен тек 2“, кој е силно поддржан од Германија, е контроверзен во ЕУ, каде што предизвика силно противење од Полска и многу други земји од централна и источна Европа загрижени дека ќе ја зголеми енергетската зависност од Русија.

Но Брисел тврди дека потенцијалните економски последици за Европа од планираните американски санкции се протегаат и надвор од тој проект, предупредувајќи дека би можеле да ги погодат „одржувањето и надградбата“ на цевководите во Русија што ја снабдуваат со гас Украина, како и гасоводните проекти во Каспискиот регион и развојот на гасоводот покрај брегот на Египет.

Покрај тоа, белешката предупредува дека „мерките би можеле да влијаат на потенцијално голем број европски компании што вршат легитимен бизнис во рамките на мерките на ЕУ со руските субјекти во железницата, финансискиот, превозниот или рударскиот сектор, меѓу другото“.

Подготовките во Брисел исто така ја одразуваат растечката разочараност на ЕУ од едностраното економско заплашување од Вашингтон. Јункер месецов ги предупреди САД дека Брисел брзо ќе се одмазди ако администрацијата на Трамп ги спроведе заканите дека ќе наметне казнени тарифи за европскиот челик.

Американските енергетски компании исто така се изјаснија против санкциите, велејќи дека тие ќе им наштетат на американските деловни интереси, во корист на руските конкуренти.

Не е јасно дали планираниот одговор на Брисел ќе влијае врз ставот на Белата куќа за санкциите.

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе