Британија изрази спремност да се соочи со неуспех во преговорите

Брисел го повика Лондон да ги стави сите карти на маса во преговорите по брегзитот

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денес ја повика Британија „да ги стави сите карти на маса“ во предговорите за идните односи по брегзитот.

EPA-EFE

Мишел, по телефонскиот разговор со британскиот премиер Борис Џонсон, напиша на Твитер дека ЕУ повеќе сака постигнување договор, „но не по секоја цена“.

Време е Британија да ги стави своите карти на маса“, додаде Мишел додека ЕУ ѝ префрла на Британија дека сѐ уште не влегла во „сржта на преговорите“ кои уште се влечкаат.

Од друга страна, Британија изрази спремност да се соочи и со „неуспех во преговорите“ за идните трговски односи со ЕУ.

Џонсон кажа дека британската посветеност е јасна а тоа е обид за постигнување договор, но додаде дека неговата земја е спремна да се соочи и со отсуство на договор доколку не може да се постигне.

Британија на 31 јануари официјално излезе од членството на ЕУ, по што следи преоден период до крајот на годината. До тогаш Лондон и Брисел би требало да постигнат договор за идните односи.

Двете страни треба да се договорат, меѓу другото, за прашањата за трговијата, безбедноста, енергетиката, риболовот и сообраќајот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе