Поради член на ЕУ тимот позитивен на ковид-19

Брегзит: Трговските преговори меѓу ЕУ и Велика Британија се прекинати

Европскиот преговарач за брегзит, Мишел Барние, објави дека „накратко" се прекинати трговските преговори со британскиот колега Дејвид Фрост затоа што член на неговиот тим е позитивен на коронавирус.

EPA-EFE/ANDY RAIN

„Тимовите ќе продолжат со својата работа во согласност со упатствата“, рече Барние.

Преговорите за идните односи меѓу Европската унија и Велика Британија влегоа во завршна фаза бидејќи преодниот период истекува на 1 јануари 2021 година по излегувањето на Велика Британија од ЕУ на 31 јануари оваа година.

Останати се нешто повеќе од шест недели пред крајот на преодниот период, а двете страни се повикуваат едни на други да ги сменат позициите за да се овозможи склучување договор за регулирање на нивната трговија вредна скоро милијарда американски долари годишно.

Двете страни истакнуваат дека е постигнат напредок, но остануваат несогласувања околу гаранциите за фер пазарна конкуренција и риболов.

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека договорот со Европската унија за трговија е далеку од сигурен, но и изрази уверување дека Велика Британија во секој случај ќе просперира.

Неговиот портпарол рече дека Џонсон сака договор, но не „по цена на нашите фундаментални принципи во врска со суверенитетот и контролата над нашите закони, граници, пари и нашата риба“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/ANDY RAIN

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе