Европскиот преговарач Мишел Барние пристигна во Лондон во саботата наутро на преговори. Во петокот вечерта, тој рече дека е „многу среќен“ што се врати во градот и дека ќе продолжи да работи „стрпливо и одлучно“.
Барние и британскиот преговарач Дејвид Фрост работат на постигнување договор пред крајот на преодниот рок на 31 декември. Двете страни повикуваат на компромис за три главни прашања - риболов, државна помош и начин за решавање на идните спорови.
Велика Британија го напушти блокот на 31 јануари оваа година, а „неуредниот“ брегзит им се заканува на границите, финансиските пазари и ги нарушува синџирите на снабдување што се протегаат низ цела Европа и пошироко, додека во исто време светот се бори со високи трошоци во борбата против ковид-19.
Британскиот премиер Борис Џонсон во петокот вечер разговараше со ирскиот колега Мајкл Мартин. Џонсон ја истакна својата посветеност за постигнување договор што го почитува суверенитетот на Велика Британија, стои во објавата.
Некои медиуми во петокот сугерираа дека Велика Британија го одбила европскиот предлог за вредноста на рибарската квота што европската флота ја лови во британските води кои би требало да се вратат на Велика Британија.
Телеграф објави дека ЕУ ќе направи отстапки за правата на риболов.