Лондон

Брегзит: Или ќе гласате во согласност со ставот на партијата - или ќе бидете исфрлени

Владата се обидува направи „чистка“ на ториевците кои се спротивставуваат против брегзит, вели екс-секретарот за правда Дејвид Гаук, пренесе Би-би-си.

Гаук вели дека премиерот бара ториевците да се „усогласат" и „да се трансформираат" во „правец на Партијата брегзит".

Од друга страна, опозицијата најави предлог-закон за да се спречи излезот од Европската унија без договор.

Од кабинетот на шефот на пратеничката група на конзервативците, која обезбедува пратениците да гласаат во согласност со ставот на партијата, соопштено е дека пратениците кои би гласале да се блокира излез без договор, ќе ја „уништат“ владината преговарачка позиција за брегзит.

Раководството на владејачкото мнозинство додаде дека секој пратеник кој не би гласал во склад со ставот на владата, ќе биде избркан од партијата и не би можел ни да се кандидира како кандидат на конзервативците на изборите.

Лабуристичката влада од сенка планира следната недела по итна постапка да започне донесување закон, со кој ќе спречи излез од ЕУ без договор.

Секој предлог-закон, и тој, мора да помине низ сите фази во двата дома на парламентот. Тоа обично трае со недели, но следната недела би можело да се заврши за само три дена.

Сепак, владата може да го оспори предлог законот во која било фаза.

Пратениците во вторник ќе се вратат во парламентарните клупи. Опозициските пратеници се очекува да достават предлог-закон до парламентот со кој ќе се блокира излез без договор со помош на правилото „СО24“, што им дозволува на пратениците да побараат расправа за „конкретно и важно прашање кое итно треба да се разгледа“.

Поранешниот министер за правда, Дејвид Гаук, на јавниот обвинител му пишал дека бара владата да се обврзе дека ќе го почитува владеењето на законот затоа што министерот е задолжен за подготовки во случај да нема договор со ЕУ, Мајкл Гов вчера одби да гарантира дека владата ќе го почитува законот доколку се изгласа во парламентот.

Планот е Велика Британија да ја напушти ЕУ до 31 октомври, освен ако формално не побара и трето одложување и ако сите останати земји-членки на ЕУ се согласат со тоа.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе