И покрај сè полошата состојба во земјата

Бразилскиот претседател се заканува дека ќе ја напушти СЗО

Обвинувајќи го СЗО за „идеолошка пристрасност“, Болсонаро рече дека може да ги следи стапките на американскиот претседател и да го напушти здравственото тело на ООН.

Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, се закани дека ќе ја повлече својата земја од Светската здравствена организација (СЗО), откако агенцијата на Обединетите нации ги предупреди владите за ризикот од укинување на карантинот пред да се забави ширењето на новиот коронавирус.

Болсонаро се закани дека ќе се повлече од СЗО и покрај тоа што состојбата на епидемијата во Бразил е сè полоша.

„Соединетите Држави го напуштија СЗО, а и ние размислуваме за тоа за во иднина. Или СЗО ќе работи без идеолошка пристрасност или ќе ја напуштиме. Не ни требаат странци да ни кажат за нашето здравје“, им рече Болсонаро на новинарите во петокот пред претседателската палата.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, идеолошки сојузник на Болсонаро, минатиот месец изјави дека Вашингтон ќе ги прекине сопствените односи со СЗО, обвинувајќи ја организацијата дека станува марионета на Кина, каде што првпат се појави коронавирусот.

Односот на Болсонаро во справувањето со пандемијата на коронавирус беше сличен на тој на американскиот претседател - тој ја минимизираше нејзината сериозност, ги критикуваше мерките за седење дома на државните власти и ги проверуваше наводните ефекти на лековите хлорокин и хидроксихлороин против ковид-19.

Неговата закана дека ќе ја напушти СЗО дојде непосредно пред Бразил да објави дека бројот на починатите од коронавирусот во земјата се искачи над 35.000, трет највисок во светот зад САД и Велика Британија.

 

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе