Бразилски воени авиони почнаа да ги гасат пожарите во Амазонија (ВИДЕО)

Бразилски воени авиони започнаа да испуштаат вода на пожарите во амазонската прашума, објавија бразилските воздушни сили на 25 август.

Илјадници пожари горат во Амазонија со недели, наводно поради дефорестацијата, расчистувањето на земјиштето во текот на повеќемесечната сушна сезона за да се направат услови за земјоделски култури или пасишта.

Бразилските воздухопловни сили соопштија дека распоредиле два авиони Ц-130 Херкулес. Одлуката за употреба на авионите дојде по глобалното негодување поради отсуството на одговор од претседателот Жаир Болсонаро на рекордниот број пожари што гореа во Амазон.

Светските лидери, вклучително и премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон и претседателот на Франција, Емануел Макрон, исто така ја споделија својата загриженост во врска со пожарите.

Видеото, објавено од бразилските воздухопловни сили, прикажува воен авион како исфрла вода во шумската област во државата Рондонија.

Еколозите, цитирани од Нешнл Географик, рекордниот број на пожари го поврзаа со зголемувањето на дефорестацијата.

Претходно во август, бразилскиот Национален институт за истражување на вселената соопшти дека повеќе шуми биле изгубени во летото 2019 година отколку во претходните три години заедно.

Се проценува дека амазонската прашума произведува 20 проценти од кислородот на планетата.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе