Бразилски министер: Нема страв од климатските промени, тоа е левичарски заговор

Бразилскиот министер за надворешни работи Ернесто Араухо вчера негираше дека неговата земја ја пали Амазонската прашума и истакна дека неоснованите предупредувања околу глобалните климатски промени се закана за суверенитетот на Бразил.

„Не постои катастрофа од климатските промени“, изјави Араухо во разговор за вашингтонската фондација Херитиџ. „Од дебатата што се водеше изгледаше како светот да стигнал до својот крај“, оцени тој, додавајќи дека Бразил се доживува како земја што ја уништува планетата.

Неодамнешните големи пожари во Амазонија, која се смета за важна заштита од климатските промени, предизвикаа голем меѓународен одек и критики упатени до бразилскиот претседател Жаир Болсонаро поради уништувањето на шумите за економски развој на регионот.

Араухо тврди дека нема научни докази за причините за глобалното затоплување и дека заговорниците на климатските промени креваат тревога поради политички цели, како дел од левичарскиот заговор против САД и Бразил, чиј суверенитет е загрозен.

Тој истакна дека пожарите во Амазонија годинава биле во рамките на годишниот просек и дека расчистувањето на шумите во Бразил е одговорно за само два отсто од глобалната емисија на јаглерод диоксид, додека глобалното расчистување на шумите било одговорно за 11 отсто од вкупните емисии на јаглерод диоксид.

„Значи, ако претпоставиме дека емисиите на јаглерод диоксид директно ја контролираат температурата, што математичките модели не го покажуваат, Бразил не е виновникот“, заклучи тој.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе