Бразилската војска е спремна за одбрана на Амазонската прашума

Бразилската војска е спремна да ја брани Амазонската прашума, порача командантот на оружените сили Едсон Леал Пујол среде растечкиот меѓународен притисок и повиците за поцврста акција во борбата против пожарите, додека претседателот Жаир Болсонаро потврди дека се размислува за испраќање на војската на терен.

„На оние кои инсистираат на заштита на бразилска Амазонија им порачувам дека војниците секогаш ќе бидат подготвени, подготвени да се бранат и да ја отстранат секоја закана“, кажа Пујол на одбележувањето на денот на војската во Бразилија.

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро кажа денес дека подоцна ќе се сретне со министрите и ќе бидат разгледани следните чекори, меѓу кои испраќањето војници е една од главните опции.

Лидерите на Британија и Франција денес го зголемија меѓународниот притисок околу пожарите во Амазонија.

Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон го обвини Болсонаро дека лажел кога на самитот Г20 во јуни изразувал загриженост околу климатските промени.

Портпаролката на британскиот премиер Борис Џонсон кажа дека тој е „длабоко загрижен“ поради пожарите и „нивното влијание врз трагичната загуба на скапоцените хабитати“ и дека ќе го искористи Г7 самитот викендов за повторно да ја стави во фокусот заштитата на природата.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе