Бразил ќе ги одбие 22 милиони долари помош за борба против пожарите

Лидерите на групата седум богати земји понудија итна помош во износ од 22 милиони долари за помош во борбата со пожарите во амазонската прашума, што бразилскиот претседател го отфрли како колонијалистичко дело.

Би-би-си објави дека бразилската влада ќе ја одби оваа помош.

И покрај рекордните пожари во Амазонија и претходната изјава на претседателот Жаир Болсонаро дека неговата влада нема доволно средства за борбата против пожарите, не е јасно дали Бразил ќе ја прифати понудата на Г7.

Неколку минути по потегот на Г7, Болсонаро рече дека Бразил го третираат како „колонија или нечија земја“ и создавањето на меѓународниот сојуз за спас на Амазонија го осуди како напад врз суверенитетот на својата нација.

Бразилските власти не дадоа причина за одбивање на парите. Но, претседателот Жаир Болсонаро ја обвини Франција дека го третира Бразил како колонија.

Неговиот министер за одбрана рече дека пожарите во Амазонија не се вон контрола.

Коментирајќи ја понудата за помош на Г7, началникот на канцеларијата на Болсонаро, Оникс Лоренцони, за веб-страницата Глобо њуз рече: „Благодарам, но можеби тие ресурси се поважни за пошумување на Европа“.

„Макрон не може ни да избегне предвидлив пожар во црква што е дел од светското наследство и тој сака да нè учи лекции за нашата земја?“ додаде Лоренцони, во врска со пожарот што во април ја погоди катедралата Нотр Дам во Париз.

Тој, исто така, рече дека Бразил би можел да ја учи „која било нација“ како да ги заштитува домородните шуми.

Оценувајќи го пожарот во Амазонија како глобална криза, Макрон катастрофата ја доведе на врвот на агендата на Г7 и рече дека земјите-членки се подготвени да обезбедат конкретна помош.

„Франција ќе го стори тоа со воена поддршка во наредните часови“, рече Макрон, без дополнителни детали.

Канада соопшти дека ќе испрати противпожарни авиони во Бразил и исто така одвои 11,3 милиони долари за таа намена.

Во понеделникот, глумецот Леонардо Ди Каприо вети 5 милиони долари за помош на Амазонија.

Кодификацијата на бугарскиот јазик се случила цели шест месеци и 25 дена покасно од кодификацијата на македонскиот јазик.

повеќе

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе