Бразил ја испраќа војската за заштита на Амазонија

Бразилскиот потпретседател Хамилтон Мурао изјави дека почнало распоредувањето на војската за заштита на Амазонија, почнувајќи од сојузната држава Рондонија покрај границата со Боливија.

Претседателот Жаир Болсонаро донесе минатата недела указ со кој се дозволува ангажирање на војската, сличен на оној од минатата година по разорните пожари и засиленото сечење на прашумите.

Оваа година војската ја испраќа три месеци порано од претходната година.

Владата во петокот објави дека во април нагло се зголемило сечењето на шумите во бразилскиот дел на Амазонија.

Уништувањето на шумите пораснало за 64 отсто во април во однос на истиот месец минатата година, покажуваат сателитските снимки на вселенската агенција ИНПЕ.

Во првите четири месеци сечењето на шумите е поголемо за 55 отсто отколку во истиот период минатата година, уништени се 1.202 квадратни километри од Амазонија, јави ИНПЕ.

Амазонија е најголемата светска прашума. Нејзиното зачувување е клучно за ублажувањето на глобалното загревање поради апсорбирањето големи количества гласови со ефект на стаклена градина, истакнуваат научниците.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе