Бразил губи околу 10.000 квадратни километри Амазонска прашума годишно (ВИДЕО)

Околу 9.760 квадратни километри од бразилската Амазонска прашума се уништени од август 2018 до јули 2018, објави бразилската национална агенција ИНПЕ.

Тоа се речиси 30 отсто повеќе отколку што биле уништени во истиот период претходната година и најголемата површина уништена прашума забележана од 2008 година.

Министерот за животна средина Рикардо Салес за уништувањето на огромните простори прашума ја обвини нелегалната економска активност.

Но, активистите за заштита на средината покажуваат со прст кон владата на претседателот Жаир Болсонаро, кој отвори големи простори од најголемата светска прашума за комерцијална експлоатација.

„Новите податоци покажуваат дека уништувањето на Амазонската прашума целосно избега од контрола“, оцени Роберто Малдонадо од Светскиот фонд за заштита на природата (ВВФ).

Бразил претходно годинава беше погоден од разорни шумски пожари кои придонесоа на уништувањето на прашумата.

Позната како „белите дробови на планетата“, Амазонската прашума има голема улога во спречувањето на глобалното затоплување.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе